Нетанјаху му нареди на Мосад да подготви план за спречување немири на спортски настани во странство

 

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска и нареди на шпионската агенција Мосад да подготви план за спречување на немири и насилство во странство.

Неговата одлука уследи по судирите откако заврши вчерашниот фудбалскиот натпревар помеѓу холандски Ајакс и израелскиот Макаби Тел Авив во Амстердам, при што се уапсени 62 лица.

– Им наложив на шефот на Мосад (на Давид Барне) и на другите официјални лица да ги подготват нашите правци на дејствување, нашиот систем за тревога и нашата организација за новата ситуација, истакна Нетанјаху.

Back to top button
Close