Трамп телефонски разговарал со Зеленски – се уфрлил и Илон Маск
Кога Владимир Зеленски му се јавил на Доналд Трамп за да му честита на победата на изборите, во разговорот ненајавено се вклучил и Илон Маск, објавија американските медиуми.
За време на 25-минутниот разговор, Трамп му рекол на Зеленски дека ќе продолжи да ја поддржува Украина, без да изнесе детали, додека Маск ветил дека и натаму ќе обезбедува интернетска врска преку неговите сателити „Старлинк“, објави сајтот „Аксиос“, повикувајќи се на неименувани извори. Овие сателити имаат клучна улога за одбранбените напори на Украина, што го нагласил и Зеленски во нивниот разговор.
Трамп и Маск биле во резиденцијата на новоизбраниот претседател во Мар-а-Лаго во Флорида кога се случил разговорот, објави „Њујорк тајмс“.
„Се договоривме да продолжиме со близок дијалог и да ја унапредиме нашата соработка“, напиша Зеленски на Икс по телефонскиот разговор.
Маск вложи милиони долари во претседателската кампања на Трамп, кој најави дека тој ќе добие важна улога во неговата нова управа. Најбогатиот човек на светот треба да го води новоформираниот оддел за владина ефикасност, чија задача ќе биде да спроведе ревизија на целокупната администрација во држават, што Трамп ја смета за сопирачка за напредокот на Америка