Трамп вети силна војска и крај на војните

Доналд Трамп синоќа вети „силна армија“ и крај на војните на Блискиот Исток и Украина, а министерствата за одбрана и за надворешни работи уверија дека до јануари непречено ќе се изврши трансферот на власта од демократите на републиканците до 20 јануари следната година.

На забавата на неговиот имот Мар а Лаго во Палм Бич, Флорида, новоизбраниот претседател изрази задоволство од неговите номинации за здравствена заштита, правда, одбрана и Комитетот за „владина ефикасност“ на Илон Маск.

-Треба повторно да станеме одлична земја со ниски даноци и силна војска. Треба да се грижиме за нашите вооружени сили. Го направивме тоа и претходно, ќе мораме да го направиме тоа повторно, рече Трамп, критикувајќи ја „огромната сума“ од околу еден трилион долари што САД ја потрошиле во Авганистан помеѓу 2001 и 2021 година. Оваа колосална бројка ја објави претседателот Џо Бајден при повлекувањето на американската војска од таму во август 2021 година.

Трамп вети дека „ќе работи на Блискиот Исток и ќе работи многу напорно за Русија и Украина“, велејќи дека „ова мора да престане

Back to top button
Close