Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо

Под администрацијата на Доналд Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Секако, со политиката на овој тим кој сега ќе ја води Белата куќа, војната ќе заврши побрзо. Ова е нивниот пристап, нивното ветување за нивното општество и за нив тоа е исто така многу важно“, изјави Зеленски за весникот „Суспилни“.

Зеленски рече дека се развила конструктивна интеракција меѓу него и Трамп и дека украинската страна имала можност јасно да го каже својот став за иднината на светот

Back to top button
Close