Муамед Сејдини поднесе оставка – ФФМ во декември ќе избира нов претседател

 

На 22 декември, на вонредно собрание, Фудбалската федерација на Македонија ќе бира наследник на Сејдини по неговата денешна оставка. На собранието прво ќе се констатира неговата оставка, а потоа ќе се премине на избор на новиот претседател.

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини

Сејдини информирал дека решил да се повлече по „седум извонредни години исполнети со историски достигнувања“.

„Одлуката е резултат на моето размислување дека дојде момент за промена, после период што ќе остане запаметен како најуспешен во историјата на нашиот фудбал. Заедно со вас, испишавме златни страници за македонскиот фудбал: историското учество на Европското првенство ЕУРО 2020, второ место во квалификациската група за Светско првенство и незаборавната победа над Италија во Палермо, успесите во Лигата на нации со пласман во Лига Б и реализацијата на бројни инфраструктурни проекти во соработка со УЕФА и ФИФА. Ја напуштам оваа позиција со гордост и огромна благодарност до сите кои придонесоа за овие успеси: фудбалерите, селекторите, клубовите, инвеститорите, администрацијата, членовите на Управниот одбор и секој љубител на фудбалот. Јас ќе продолжам да ја извршувам својата улога до 22 декември, кога на Вонредно Собрание ќе биде избран мојот наследник“,

вели Сејдини во изјава која е објавена на интернет-страницата на ФФМ.

Муамед Сејдини ја води ФФМ од 2018 година, кога го наследи Илчо Ѓорѓиевски. Претходно четири години беше втор човек во федерацијата.

Back to top button
Close