Почина петнаесетата жртва од трагедијата во Нови Сад
Почина еден од тројцата пациенти кои беа примени во болница со тешки повреди по уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, со што бројот на жртвите порасна на 15.
„Во прашање е пациентката која ги имаше најтешките повреди. Таа е 15. жртва на несреќата која се случи во Нови Сад на 1 ноември. И покрај напорите на лекарите, дојде до смртниот исход“, изјави директорката на клиничкиот центар „Војводина“, Весна Туркулов.
Таа додаде дека повредите кај починатата биле опасни по живот од самиот почеток и дека лекарите ја продолжуваат борбата за спас на останатите двајца тешко повредени. Тие се во свесна, но и натаму во критична состојба.
Во уривањето на настрешницата на самото место загинаа 14 луѓе, меѓу кои и Македонецот Велко Саздовски, кој работел како научник во Нови Сад