Франција потврди дека употребата на нејзините ракети на руска територија останува опција

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро денеска изјави дека употребата на француски ракети од страна на Украина на руска територија останува опција.

„Го слушнавте претседателот Макрон (Емануел Макрон) во Мезеберг на 25 мај, каде отворено кажавме дека ова е опцијата што ја разгледуваме – доколку е неопходно да се одобрат напади врз цели од кои Русите ја напаѓаат украинската територија“, рече Баро по пристигнување во Брисел на средба со министрите за надворешни работи на Европската унија.

Баро додаде дека тоа не е ништо ново.

Франција ѝ достави на Украина ракети земја-воздух од среден дострел „Скалп“, но секогаш одбиваше да каже колку биле испорачани и дали биле користени од украинските сили.

Back to top button
Close