Уапсени пет лица осомничени за обид за атентат врз претседателот на Бразил

Бразилската полиција денеска уапси пет лица осомничени за вмешаност во обид за државен удар, во кој планирале да ги убијат тогаш новоизбраниот претседател Луис Ињасио Лула да Силва и неговиот потпретседател Џералдо Алкмин, пред да стапат на должност.

„Идентификуван е деталниот оперативен план под име ‘Жолто-зелен бодеж’, кој требаше да се изврши на 15 декември 2022 година, со цел убиство на избраните кандидати за претседател и потпретседател,“ соопшти полицијата.

Федерални полициски службеници денеска извршија пет налози за апсење, како и три за претрес и заплена, и уште 15 превентивни мерки

Back to top button
Close