Вучиќ: Добро го познавам Путин, ќе употреби нуклеарно оружје

Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека добро го познава Владимир Путин и дека може со сигурност да каже дека доколку се исцрпат сите други опции, нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје.

Зборувајќи за конфликтот меѓу Украина и Русија, Вучиќ предупреди дека заканата од нуклеарен конфликт никогаш не била поголема.

„ Илјадитиот ден е од војната во Украина. Пет-шест дена по избувнувањето на војната, која Русите ја нарекуваат специјална воена операција, Србија излезе со своите заклучоци и јас сум горд што и покрај сите предизвици, и покрај тоа сите притисоци успеавме да ги преживееме илјада дена без промени во сопствениот став и верувам дека ја имавме најдобрата политика, најсериозната и најодговорната. Важно е да зборуваме за мир, за примирје, бидејќи тоа само не води до светска катастрофа. Кога имате 10 чекори за да ја завршите катастрофата, ние веќе преминавме 9 чекори. Денеска, областа Брјанск беше цел на ракети, пукањето на руска муниција ќе продолжи. Секој следен чекор не води кон нуклеарен конфликт – рече Вучиќ.

Тој изјави дека ниту една страна во конфликтот нема да се двоуми да ги искористи сите алатки што ги има.

„ Многу добро ги познавам, многу добро знам што значат нечии пораки. И бидејќи на запад ќе ви кажат дека Путин си игра игрици и дека се заканува со ова, а всушност се плаши, ќе ви кажам дека ретко кој го познава претседателот Путин како мене, ниту се критикувам, ниту се фалам со тоа, едноставно такви се односите на Русија и Србија. Кој мисли дека тоа е така, тој никогаш не го видел претседателот Путин во својот живот. Па тоа е како кога ќе ми кажат дека Вучиќ ќе бега од државата, сигурно е будала. Зарем имбецилите воопшто не ме познаваат. Тој не разбира дека мојот живот е врзан за Србија и дека сум подготвен да умрам во секој момент за Србија и дека никогаш нема да бегам од Србија затоа што давам се за Србија – рече Вучиќ, а потоа додаде:

– Така велат за него „се заканува со празен пиштол“. Ако безбедноста на Москва и нејзините сили биде загрозена, ако нема излез, однапред ви велам, тој нема да се двоуми ниту еден час – рече тој

Back to top button
Close