Палчо додека бил во Белград знаел дека го бара полицијата – сведочење на пријател на Палчо

Љупчо Палевски Палчо, првообвинет за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски, додека бил во Белград, знаел дека го бара полицијата. Ова денеска пред судот го сведочеше Ламбе Бучков кој го знаел Палевски повеќе од 20 години и со кого телефонски разговорал во тој период,   пренесе Телма.

Палевски му рекол дека Влатко Кешишев кој, исто така, е обвинет во случајот, го информирал дека полицијата била во партијата „Десна“ и дека бара одреден пикап кој бил поврзан со исчезнувањето на некое девојче. Палевски на Бучков му рекол дека планира да замине во Софија, па во Турција бидејќи таму поради претстојните избори имал состаноци со политички партии со кои соработувал

Back to top button
Close