Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка по повод 22 Ноември – Денот на aлбанската азбука.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка по повод 22 Ноември – Денот на aлбанската азбука.
22 ноември е историски важен датум за Албанците, но и за македонската држава. Пред 116 години во Битола е унифицирана албанската азбука, чин којшто ја зацврстил јазичната самосвест на албанскиот народ и создал темел за понатамошен културен и цивилизациски прогрес – вели претседателката во својата честитка.
Според Сиљановска, унифицирањето на албанската азбука не е само акт на јазична реформа, туку и симбол на стремежот за еманципација и просветување. Јазикот создава простор за разбирање, за соработка и за обединување околу идентитетските вредности.
Албанскиот јазик и култура се вградени во нашето социјално ткиво и отвораат простор за меѓусебно разбирање и соживот. Почитувањето на јазичните разлики нѐ прави демократско мултикултурно општество – рече Сиљановска Давкова.
Во честитката, таа додава дека „нашата држава останува пример за зачувување и унапредување на етничката, јазичната, културната и верската разноликост, која овозможува образование на мајчиниот јазик во сите степени, и слободно и достоинствено изразување на колективната меморија и духовност“.
Денес е неработен ден за албанското население