Состанок на НАТО и Украина во вторник
НАТО и Украина ќе разговараат следната недела во Брисел за рускиот напад извршен вчера со експериментална хиперсонична ракета со среден дострел, соопштија денеска дипломати.
Состанокот во вторник на Советот на НАТО и Украина ќе се одржи на амбасадорско ниво. Тој беше свикан од Киев по нападот врз градот Дњепар, изјавија официјални лица.
Русија вчера за првпат употреби балистичка ракета со ненуклеарна хиперсонична боева глава, што украинскиот претседател Володимир Зеленски го оцени како сериозна ескалација. Тој руски напад уследи по употребата на ракети со долг дострел од страна на Украина за напади врз руски региони оваа недела