Украина загуби повеќе од 40 отсто од територијата во областа Курск, тврди извор од украинската армија
Откако руските сили ги засилија контранападите, Украина загуби повеќе од 40 отсто од територијата во руската област Курск, која ја зазеде со ненадеен напад во август, изјави денеска висок извор од украинската армија.
Извор од Генералштабот на украинската армија, кој сакаше да остане анонимен, рече дека Русија распоредила околу 59.000 војници во регионот Курск откако украинските сили навлегле на територијата, фаќајќи ја Москва неподготвена, две и пол години по почетокот на руската инвазија на Украина.
„Досега контролиравме околу 1.376 квадратни километри (во регионот Курск), сега, се разбира, оваа територија е помала, а непријателот ги засилува своите контранапади. Сега контролираме околу 800 квадратни километри. Ќе ја задржиме оваа територија се додека е воено можно“, рече изворот од украинската армија