Владата на Србија му го одзеде имунитетот на министерот за градежништво во оставка, Горан Весиќ

Високиот суд во Нови Сад на 23 ноември им одреди притвор до 30 дена на Весиќ и на поранешниот директор на Инфраструктура на железници на Србија, Небојша Шурлан, додека на в.д. директорката на Инфраструктура на железници на Србија и поранешна министерка за земјоделство, Јелена Танасковиќ, и на помошник-министерот за железници, Анита Димовска, им беше одреден домашен притвор со електронски надзор

Владата на Србија на 22 ноември му го одзеде имунитетот на министерот за градежништво во оставка, Горан Весиќ. Тој беше уапсен на 21 ноември со уште 11 лица поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад, кога при уривање на натстрешницата загинаа 15 лица.

Високиот суд во Нови Сад на 23 ноември им одреди притвор до 30 дена на Весиќ и на поранешниот директор на Инфраструктура на железници на Србија, Небојша Шурлан, додека на в.д. директорката на Инфраструктурата на железници на Србија и поранешна министерка за земјоделство, Јелена Танасковиќ, и на помошник-министерот за железници, Анита Димовска, им беше одреден домашен притвор со електронски надзор.

Тие се приведени поради вознемирување на јавноста, а се осомничени за сторено кривичното дело тешки дела против општата сигурност во врска со кривичното дело предизвикување општа опасност.

Меѓу притворените за трагедијата во Нови Сад е и министерот Горан Весиќ

Трагедијата во Нови Сад се случи на 1 ноември кога загинаа 14 лица, а подоцна на повредите им подлегна уште едно. Две лица и натаму се борат за живот.

Следуваа силни реакции во јавноста и масовни протести, што резултира со неколку оставки, а потоа и со апсења на осомничените.

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close