Семејство во Грција се затруло од гас, почина 16-годишник
Четири млади лица утрово биле пронајдени во бесознание во нивниот дом во Ксанти, Грција, по труење со гас, јавува грчкиот портал Xanthi News.
Според информации, еден малолетник (16) починал, додека неговите три сестри се во тешка состојба.
Според локалните медиуми, трагедијата се случила по истекување на природен гас од резервоар кој се наоѓа во дворот на семејната куќа. Почина 16-годишно момче, додека неговите 15-годишна и 18-годишна сестра се во многу лоша состојба.
Најстарата сестра, 20-годишна, е во подобра состојба.
Според локалните медиуми, двете тешко повредени девојчиња се интубираат. Мајката и таткото исто така се хоспитализирани, но се надвор од животна опасност.
Полицијата и пожарникарите во моментов вршат увид за утврдување на причините кои довеле до оваа трагедија.
Неофицијалните информации сугерираат дека во куќата биле извршени градежни работи непосредно пред трагедијата