ЦЕНТАРОТ ЗА ГРАЃАНСКИ КОМУНИКАЦИИ И ЛИЛА МИЛИЌ ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДАТА „МЕТО ЈОВАНОВСКИ“ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации (ЦГК) од Скопје и активистката и трансродова жена Лила Милиќ се годинашни добитници на државната награда „Мето Јовановски“, највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права.
Наградата ја доделува Министерството за култура, а претседателка на Одборот била Александра Цветановска.
Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 10 декември во 10 часот во Собранието.