Директорката на ОУ „11 Октомври“ вели дека ја довеле во заблуда и ја повлекла согласноста ученик со несоодветно поведение да учи таму
Не е точно дека градоначалникот на Центар Горан Герасимовски правел притисок врз мене по секоја цена да го запишам ученикот кој бил проблематичен и поради кој сега во ОУ „11 Октомври“ бојкотираат бројни класови, туку родителите на детето дојдоа во училиштето за да го запишат по редовна постапка, велејќи дека така ќе им биде полесно да ги организираат активностите во денот. Дадовме согласност за редовно да го запишеме детето во училиштето, но бевме доведени во заблуда и од нас беа притаени факти – сокриено беше дека за детето од претходното училиште имало мерки за насилство. Затоа согласноста ја повлековме.
Ова за „Слободен печат“ го тврди Даница Блажеска, директорка на ОУ „11 Октомври“ во скопската општина Центар. Во ова училиште од денеска сите паралелки од прво до четврто одделение, заедно со две паралелки од шесто и седмо одделение не одат на настава.
…
Блажеска тврди дека таа дала согласност новиот ученик да се запише во ОУ „11 Октомври“ ама била доведена во заблуда, зашто од неа и од училишната управа бил сокриен фактот дека детето во претходното училиште имало изречени мерки. Родителите дошле да го запишат во ОУ „11 Октомври“ по редовна постапка, што според Блажеска не може да се оствари бидејќи не е според Законот и затоа решила дека согласноста ќе биде повлечена.
…
Проблемот настанал кога родителите дознале дека детето претходно било отпишано од друго скопско училиште, затоа што соблекло девојче во тоалетот. За тој случај „Слободен печат“ веќе пишуваше. Тогаш, (пред 10 месеци), беше објавено дека за време на наставата девојче од второ одделение било следено од момчето внатре во тоалетот, каде што момчето ѝ ги соблекло панталоните и долната облека додека таа ги миела рацете. Сето тоа се случувало пред очите на наставничката која ја потврдила случката пред директорката, затоа што истрчала да го следи ученикот, знаејќи дека е проблематичен.
…