Христовски избран за асистент на факултетот за безбедност,да се повлече од директор на АНБ и така да се затвори случајот со неговите „дипломи“
Директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски синоќа на седница на Наставно – научниот совет избран е за асистент на научната област Криминалистички науки, потврдија од Факултетот за безбедност за „Слободен печат“.
-Ве известувам дека на седницата на Наставно научниот совет одржана во 19 часот, директорот на Агенцијата за национална безбедност м-р Бојан Христовски е избран во соработничко звање асистент на научната област Криминалистички науки, се вели во официјалниот одговор.
Седницата вчера беше закажана за во 12 часот, но членовите на Советот не усепаа да обезбедат кворум, па ја презакажаа за во 19 часот Вечерната седница презакажана за 19 часот наводно била он лајн да не се повтори како претпладнето да нема кворум и да немоѓе да биде избран за асистент.
Со оглед на тоа што изборот во звање значи вработување на Факултетот, Христовски ако сака да биде асистент ќе треба да даде отказ од Агенцијата за национална безбедност. Според нашите информации, има законски рок до кога треба да се реализира вработувањето.
Извори од факултетот објаснуваат дека Христовски кој по назначување на функцијата директор на АНБ од страна на Мицковски и по информациите во јавноста дека има лажен сертификат ТОЕФЕЛ за познавање на англиски јазик и сомнителна факултетска диплома за менаџмент анонимни преставки да истражат добија во ОЈО во ДКСК и во МВР.
Овие институции речиси два месеца во јавноста молчат единствено на прашање одговараат дека работат на случајот а во мегувреме добиваат и нови анонимки со нови обвинувања околу дипломите кои ги приложил за да биде назначен за директор на највисоката позиција на АНБ.