“Чист сум како солза” Се огласи Артан Груби и соопшти дека се повлекува од јавниот живот

Лична одлука во служба на општото добро вели Артан Груби во својот фејсбук статус, кој во целост ви го пренесувме:

Целиот мој јавен живот, бескомпромисно сум посветен на еднаквоста на Албанците во Северна Македонија, за регион во мир, за целосна интеграција во НАТО, за стратешко партнерство со Соединетите Американски Држави и за членство во Европската Унија.

Тоа се вредности кои не се само мој двигател, туку и обврска што отсекогаш сум ја чувствувал.

Нашите достигнувања, за кои сите сме сведоци, не се само заслуга на мојата посветеност и на моите колеги, туку и на искрената и континуирана поддршка од нашите пријатели од Соединетите Американски Држави и Европската Унија.

Фактот што денес Северна Македонија е членка на НАТО и ги започна преговорите за членство во Европската Унија е јасен доказ за оваа соработка и заедничка посветеност.

Но, цената на оваа посветеност, цена која отсекогаш била во служба на вредностите и правдата, е тешка за мене и за моето семејство.

Огромните напади низ годините, погрешните толкувања и нефер удари ме натераа да размислувам за мојата улога во овој важен момент за земјата и за нејзината иднина.

Иако одлуката нагласува дека таа не е за осуда, туку за поттикнување на подобрување на однесувањето, јас пред Бога, семејството и пријателите сум чист како солза, но со намера да придонесам за вистината, која многумина од вас гледам дека веќе ја знаете, а за да не бидам ничиј политички товар, решив да се повлечам од јавниот живот и за ова го информирав Претседателот Ахмети уште од првиот ден.

Ова е тешка одлука, но неопходна за мир на моето семејство и зачувување на мојот личен и политички интегритет, како и за поддршка на континуитетот на работата и посветеноста на нашиот лидер Али Ахмети.

Верувајте во неговиот правилен пат, пат кој беше и останува најголема надеж за Албанците и за сите граѓани на Северна Македонија.

Секогаш останувам посветен на овие вредности и ќе бидам покрај нив, како граѓанин и како поддржувач на општото добро.

Со почит и огромна благодарност со сето срце за вашата поддршка низ годините,

Back to top button
Close