Претрес во домот на поранешниот директор на Лотарија, Прпарим Бајрами – тој е во бегство

Полициски службеници утринава направиле претрес во повоеќе приватни домови, поради постоење сомнежи за организиран криминал во Државна лотарија, дознава НетПрес од извори во истрагата.

Полицијата извршила претрес во домот на поранешниот директор на Лотарија на Македонија, Прпарим Бајрами. И тој не бил дома. Македонските истражните органи се сомневаат дека тој уште пред неколку месеци избегал во Косово. Имало ветување од блиски луѓе на Бајрами дека ќе се врати, но сепак органите на прогонот во Македонија најверојатно ќе изадат потерници и за него и за Артан Груби.

Инаку, при претресот во домот на Бајрами полицијата нашла и запленила околу 50.000 швајцарски франци готовина.

Според информациите на порталот полициски сили упаднале во домот на Артан Груби, но тој не бил најден таму.

Back to top button
Close