(ВИДЕО) Митрески до Кочоска: Дали 1 милион евра чини провизијата за консултантски услуги на унгарскиот кредит?

Пратеникот на СДСМ Јован Митрески на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања упати прашања до министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска поврзано со провизијата за унгарскиот кредит, односно кој е износот за консултантски услуги со оглед на тоа дека со одлуката за пренамена на средства се планираат плус 1 милион евра.

Во продолжение интегрален текст на прашањето:

Со одлуката за прераспределба на средства којашто ја гласавме пред неколку дена планирате зголемување на ставката за договорни услуги за дополнителни над 60 милиони денари, или над 1 милион евра. Ако го гледаме буџетот за 2024, којшто бил 76 милиони денари, вие со дополнителните 60 милиони денари планирате вкупен износ од 130 милиони евра или 2 милиони 140, скоро 150 илјади евра. Значи до крајот на годината, за 10 дена, планирате дополнителни 60 милиони денари, или дополнителни 1 милион евра. Ако во овој период се зборува за унгарскиот кредит и ако има триста шпекулации во јавноста, ве прашувам дали овие договорни услуги, дополнителни 60 милиони денари, дополнителни 1 милион евра на ставката договорни услуги, е за банкарски провизии или е за консултантска куќа. Ако е така, кажете која е таа консултантска куќа, во кој износ се исплаќа, дали е за банкарски провизии, ако не, тогаш кажете кој се дополнителните милион евра на ставката за договорни услуги?

 

Back to top button
Close