(ВИДЕО) Тошковски се обрати за заминувањето на Груби: МВР има видео, полицаецот се суспендиран, не сум потпишал ништо за него
„Врз основа на постапките, доставено е известување до Обвинителството. По консултација со обвинителот, ќе има кривична пријава, која утре ќе се поднесе. Од страна на МВР е изречена супспензија за предметното лице. Не го познавам лично предметното лице, ниту нешто сум издал за негово назначување да работи во рамки на граничка полиција во Македонија“, додаде Тошковски.
Според него, СДСМ ја брани ДУИ, а работи за лукатривни интереси.
Претходно, СДСМ излезе со сооштение во кое бараа тошковски да ја каже вистината за бегството на Груби.
„Доколку Тошковски не излезе во рок од 24 часа да ја каже вистината за случајот, тогаш СДСМ ќе го открие скандалот во целост. Време е Тошковски да престане да се крие и да одговара за целиот настан. СДСМ отворено се сомнева дека бегството на Груби не е никаков пропуст, туку станува збор за добро оранизирана работа од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со Тошковски на чело да се пушти Груби да избега“.
На ова, Тошковски рече дека ќе им даде шанса на СДСМ да се оправат со текот на времето, како и дека нема да ги тужи за клевета.