ВИДЕО: Се урна мост долг 533 метри во Бразил, има жртви

Мост што поврзува две бразилски провинции на север се урна во неделата, при што најмалку едно лице загина, а сулфурна киселина се истури во реката Токантинс.

Одделот за државна транспортна инфраструктура соопшти дека во попладневните часови се урнал централниот дел на мостот долг 533 метри што ги поврзува градот Естреито во државата Маранхао и Агиарнополис во државата Токантис.

Камион кој превезувал сулфурна киселина паднал во реката, јавува Ројтерс.

Пожарникарите соопштија дека едно лице загинало, а според првичните проценки, во моментот на уривањето на мостот имало најмалку единаесет лица.

Мостото Хускелино Кубитчек де Оливеира е отворен 1960 година како дел од автопатот што ја поврзува Бразилија со Белем, град во северен Бразил кој следната година ќе биде домаќин на климатската конференција на Обединетите нации.

 

Back to top button
Close