Во Загреб марш за зголемување на безбедноста во училиштата

Во центарот на Загреб денеска ќе се одржи марш Во центарот на Загреб денеска ќе се одржи марш со цел да се зголеми безбедноста во училиштата, по нападот на 20 декември кога загина едно дете, а наставничката и неколку други деца беа тешко повредени.

Маршот, што ќе почне во 18 часот, е во организација на три училишни синдикати, кои ги повикаа граѓаните да им се придружат. Предвидено е маршот да биде одбележен со молк, без транспаренти.

Организаторите ги повикаа граѓаните и надвор од Загреб мирно да се соберат пред училиштата во нивните места, да изразат почит кон жртвите и да побараат поголема безбедност во училиштата

Back to top button
Close