(ВИДЕО) Трактори паркирани околу Пионерскиот парк во Белград, каде со денови кампуваат студентите
Голем број трактори утрово се паркирани околу Пионерскиот парк во центарот на Белград, каде што со денови кампуваат студентите.
Тракторите се поставени по ленти покрај тротоарот во близина на паркот каде веќе осум дена кампуваат „студентите кои сакаат да учат“.
Тракторите се поставени по ленти покрај тротоарот во близина на паркот каде веќе осум дена кампуваат „студентите кои сакаат да учат“.
Забележлив е и поголем број полицајци на терен.
Како што јави репортерот на N1, движењето на пешаците е отежнато и тие мораат да се движат по кал, бидејќи тракторите го зафатиле тротоарот.
Вчера претседателот Александар Вучиќ ги прими студентите на разгоро. Тој, наводно, побарал од нив да се повлечат од паркот пред утрешниот протест, но тие рекле дека им треба повеќе време за да ја донесат таа одлука.