Бела книга за европската на одбрана: Потребни се огромни одбранбени инвестиции на подолг рок
За зајакнување на европската одбрана потребни се огромни инвестиции во подолг временски период, се наведува во предлог текстот на Белата книга за иднината на одбраната во Европа, што Европската комисија треба да ја претстави следната недела.
Во документот, во кој увид имал бриселскиот портал „Политико“, се наведува дека ЕУ мора да работи на „огромниот проект“ за зајакнување на нејзината одбранбена индустрија, со цел да ја одврати Русија и да ја поддржи Украина во услови кога „САД се повлекуваат од Европа“.
Клучни елементи на новата одбранбена политика на ЕУ наведени во документот, на чија подготовка работат еврокомесарот за одбрана Андриус Кубилиус и високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, се поттикнување на производството на оружје во Унијата и во трети земји партнери, охрабрување на заедничките набавки на оружје, олеснување на финансирањето на одбранбените проекти, фокусирање на клучните области каде што блокот се соочува со недостиг на капацитети, како противвоздушната одбрана и воената мобилност, и намалување на бирократските процедури за одбранбените инвестиции.
– Русија претставува егзистенцијална закана за Унијата и со оглед на нејзиното минато досие на инвазии врз нејзините соседи и на нејзината сегашна експанзионистичка политика, ќе продолжи потребата за одвраќање од руската оружена агресија, дури и по постигнувањето праведен и траен мировен договор со Украина, се вели во нацрт-текстот.
Членките на НАТО, Естонија, Летонија и Литванија ќе и достават на Украина противтенковски и противвоздушни ракети од американско производство, соопштија нивните министри за одбрана во заедни
Како главен приоритет на ЕУ во документот се посочува потреба да и се овозможи на Украина „да продолжи да се брани од руските напади“, бидејќи „без значителни дополнителни воени ресурси, особено сега кога САД ја прекинаа својата поддршка“, земјата не би можела да обезбеди силна позиција за да преговара за праведен и траен мир.
Во тој контекст се предлагаат и серија мерки за поддршка на Украина, вклучително и обезбедување 1,5 милиони артилериски гранати и системи за противвоздушна одбрана, продолжување на обуката на украинските војници, вршење нарачки од украинската одбранбена индустрија, како и овозможување на пристап на Киев до инструментите за воено финансирање на ЕУ.
Според авторите на Белата книга, Европа станала зависна од американските воени капацитети, што создава опасност, особено сега кога САД „го преиспитуваат својот пристап и може да одлучат да ја ограничат употребата или дури и да ја запрат достапноста на тие потенцијали“.
– Европа не може да ја земе здраво за готово американската безбедносна гаранција и мора значително да го засили својот придонес за зачувување на НАТО, се наведува во текстот, при што се додава дека Алијансата останува „камен-темелник на колективната одбрана во Европа“.
Во рамки на напорите на зајакнување на сопствениот воено-индустрискиот комплекс, според документот, ЕУ треба да размисли за давање предност на европските компании во јавните набавки за стратешките одбранбени сектори и технологии, а дополнително се нагласува и потребата од „заеднички набавки“ на земјите членки на воена опрема и оружје, при што Европската комисија „би можела да дејствува како централно тело за купување во нивно име“.
Донесена е одлука за предавање на одбранбеното оружје на Украина, рече Солох.
Како клучни области за приоритетни инвестиции во предлогот се наведуваат противвоздушната и противракетната одбрана, артилериските системи, муницијата и проектилите, дроновите и системите за справување со нив; воената мобилност, вештачката интелигенција, квантната, кибер и електронската одбрана, како и вложувањето во зајакнување на стратешките капацитети и борбената способност и во заштита на критичната инфраструктура.
Во Белата книга се потенцира и дека одбраната и натаму ќе остане во надлежност на земјите членки, што се смета за обид да се намалат стравувањата дека „Брисел навлегува во областите поврзани со националниот суверенитет“.
– Земјите-членки се одговорни за нивните вооружени сили, од развој на доктрини до распоредување. Радикално изменетиот стратешки контекст, во комбинација со акутните недостатоци на капацитети во земјите членки, сепак бара многу поголема соработка меѓу нив за зајакнување на нивната одбрана, се наведува во документот.
Од тој аспект се предлага олабавување на фискалните правила на ЕУ со што ќе им се овозможи на земјите членки зголемување на трошоците за одбрана, усвојување на Европската програма за одбранбената индустрија вредна 1,5 милијарди евра, како и зајакнување на соработката со НАТО во областа на критичните капацитети.
Текстот во кои имал увид „Политико“, сепак е само нацрт и конечната верзија на Белата книга за иднината на европската одбрана може да претрпи измени.