Нови седуммина уапсени за трагедијата во Кочани, од нив четворица се полициски началници

Нови седум осомничени лица се приведени денеска од полицијата, во врска со истражните дејствија за трагедијата која се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а во која загинаа дури 59 млади луѓе.

Првичните неофицијални информации кои ги пренесе НетПрес од истражните органи велат дека четворица од денеска уапсените се полициски функционери, додека три лица се службеници. Сите се поврзуваат со сомнежи околу незаконско издавањето на лиценцата за работа на кочанската дискотека „Пулс”.

Back to top button
Close