(ВИДЕО) Костадинов: Локализиран пожарот на струмичката страна, веќе нема опасност за куќите во Баница

 

Голем пожар на отворено вечерва беснее во делот од Струмица покрај градските гробишта, населбата Сафилар и кон селото Баница, јавуваат локалните медиуми.

Пожарот брзо се разгорува од силниот ветер. Според тоа што може да се види од снимките, горат делови од шума, земјоделски површини, нискостеблести растенија и трева.

Засега нема информации за тоа како избувнал големиот пожар.

Според информациите, сите противпожарни екипи од Струмица се обидуваат да го локализираат пожарот и да спречат тој да стигне до куќите и до другите објекти.

На помош пристигнуваат и пожарникари од други градови.

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, на својот фејсбук-профил пред малку информира дека е локализиран пожарот на струмичката страна и оти веќе нема опасност за куќите во Баница.

„Благодарност до екипата на ТППЕ и секој струмички пожарникар и до сите кои се вклучија во гаснењето. Пред неколку недели реков дека ги знаеме и дека ги гониме оние кои подметнуваат пожари. Лично ќе се заложам до крај сите да одговараат“,

порача Костадинов.

 

 

 

 

Back to top button
Close