МВР: Приведени тројца разбојници во Скопје
Скопската полиција синоќа лишила од слобода три лица кои се сомничат дека со закана одзеле пари од малолетници.
-На 16 април 2025 околу 23.30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.А.(19) од село Кондово, скопско, М.И.(22) и Р.Ф.(20), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека околу 22.25 часот на автобуска постојка на подрачјето на Бит Пазар со закана одзеле пари од пет малолетници од село Кучевиште, скопско, а откако го напуштиле местото пресретнале други двајца малолетници од скопските села Идризово и Трубарево, информираат денеска од МВР.
Оттаму додаваат дека по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по брза постапка.Скопската полиција синоќа лишила од слобода три лица кои се сомничат дека со закана одзеле пари од малолетници.
-На 16 април 2025 околу 23.30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.А.(19) од село Кондово, скопско, М.И.(22) и Р.Ф.(20), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека околу 22.25 часот на автобуска постојка на подрачјето на Бит Пазар со закана одзеле пари од пет малолетници од село Кучевиште, скопско, а откако го напуштиле местото пресретнале други двајца малолетници од скопските села Идризово и Трубарево, информираат денеска од МВР.
Оттаму додаваат дека по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по брза постапка.