Шaхини : Училиштата во Албанија стартуваат во спетември
Владата во Тирана одлучи новата учебна година во земјата да стартува во месец септември . Албанската министерка за образование Беса Шахини денеска соопшти дека основните и средните училишта во земјата стартуваат во месец септември . Таа информираше дека побарала од 61 околии во земјата адаптација на училиштата и подготвување на истите за да бидат готови за почетокот на учебната 2о2о / 2о21 година .
Според министерката одлуката од страна на албанската влада за почеток на учебната година е во согласност со анкетите што се направени кај учениците, родителите и наставниците од кои произлегува дека 87 насто од нив бараат повторно отварање на училиштата , додека само 13 насто побарале ОН Лине настава ,информира албанскиот весник ,,Мапо,, .
Премиерот Еди Рама изјави дека Албанија е подготвена да ги отвори училиштата. ,, Секој чекор кон отварање на училипштата и заштита на здравјето од оваа тешка одлука , се кординира со максимална одговорност од страна на институциите , за целосна гаранција на мерките на социјална дистанца , протиклите за безбедност како и оценување на епидемиолошката состојба во Албанија,, пишува Рама на својот официјален ФБ профил.
Инаку со законот за образование во Албанија секоја година започнува на 14 септември .