Врховниот суд ја потврди забраната на Трамп за трансродови лица во војската

Врховниот суд на САД потврди дека администрацијата на Доналд Трамп смее да ја спроведе забрана трансродовите лица да служат во војската, што е една од низата мерки на републиканскиот претседател со кои се ограничуваат правата на трансродовите лица.

President Trump signed an executive order related to the oil pipeline industry in the Oval Office on January 24.

Во одлука што може да доведе до отпуштање на илјадници припадници на војската, судот го одобри барањето на Министерството за правда за поништување на наредбата на федералниот судија со која се блокираше забраната на Трамп за трансродовите лица да служат во војската додека трае судскиот случај.

Откако се врати во Белата куќа во јануари, Трамп потпиша извршна наредба со која ја поништи политиката на неговиот демократски претходник, Џо Бајден, која им дозволуваше на трансродовите војници да служат во вооружените сили на САД.Во извршната наредба на Трамп се наведува дека идентитетите на трансродовите лица се лажни и дека тие не ги исполнуваат стандардите потребни за воена служба. .

Правата на трансродовите лица се најдоа во центарот на културните војни во Америка. Трамп ги таргетираше трансродовите права во низа извршни наредби, вклучувајќи една што признава два пола, машки и женски, кои се „непроменливи“.

Back to top button
Close