Најмалку двајца загинати и 12 повредени во нападот на Индија врз Пакистан

Најмалку две лица загинаа, а 12 се повредени во нападот на индиската армија врз селото Котли во регионот на Кашмир, како дел од нападот на индиската армија на девет локации во Пакистан, пренесува Ројтерс.
Pakistan and India flag together realtions textile cloth fabric texture

 

Портпаролот на пакистанската војска изјави дека Индија извршила напади врз најмалку две џамии во Пакистан, додавајќи дека нападите врз џамиите „јасно го покажуваат пристапот на индискиот премиер Нарендра Моди“.

Тој изјави дека Индија ги истрелала проектилите од сопствениот воздушен простор и дека погодила само цивилни цели, а не места каде што е стационирана пакистанската армија.

„Индиските наводи дека целеле терористички цели се лажни“, изјави портпаролот на пакистанската армија.

Тој додаде дека Пакистан ги активирал системите за противвоздушна одбрана и ги запрел индиските авиони кои се обиделе да навлезат во пакистанскиот воздушен простор.

Back to top button
Close