Автобус во Шри Ланка излета од карпа, 21 лице загина, најмалку 14 се повредени
Во сообраќајна несреќа што се случи денеска во ридско подрачје на Шри Ланка, патнички автобус излета од карпа, при што загинаа 21 лице, а најмалку 14 се повредени, изјави заменик-министерот за транспорт и автопатишта, Прасан Гунасена.
Несреќата се случила во раните утрински часови во близина на градот Котмала, околу 140 километри источно од главниот град Коломбо, во планинскиот регион на централна Шри Ланка, соопшти полицијата.
Гунасена им изјави на медиумите дека во несреќата загинале 21 лице, а дека 14 лица се транспортирани во болници