Ал Шара: Нема да дозволам Сирија да биде театар на надворешни конфликти

Привремениот претседател на Сирија, Ахмед ал Шара вчера побара домашни и меѓународни инвестиции за обнова на земјата.

– Сирија треба да стане земја на работни места и просперитет. Инвеститорите од земјата и странство, вклучително и од Турција, се добредојдени, изјави ал Шара во телевизиско обраќање.

Тој истакна дека Сирија ќе биде „земја на мир и заедничко дејствување и оти ќе биде лојална на секоја подадена рака со добра волја“.

Ал Шара посочи дека е посветен на национално единство и вети дека нема да дозволи „Сирија да биде претворена во театар на надворешни конфликти“.

– Сирија е за сите Сиријци, со сите нивни секти и етникуми, и за сите што живеат на оваа благословена земја. Соживотот е наше наследство низ историјата, а поделбите што нè разделувале отсекогаш биле резултат на странски интервенции, а денес сите ги отфрламе, наведе ал Шара.

Тој вчера во Саудиска Арабија се сретна со со американскиот претседател Доналд Трамп, кој еден ден претходно ги укина сите санкции против Сирија. На средбата телефонски се приклучи и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Back to top button
Close