Експлозија и пожар кај Севиља, повеќе од 80.000 лица затворени во домовите поради отровен чад
Голем пожар предизвикан од експлозија во хемиски магацин во индустриската зона Ла Ред во Алкала де Гвадаира, во близина на Севиља, принуди 80.000 луѓе да останат затворени во своите домови поради страв од труење, соопштија шпанските власти.
Пожарот избувнал вчера попладне, а била прогласена вонредна состојба поради опасностите што ги претставуваат чадот и гасовите што произлегуваат од согорувањето на непознати супстанции. Според достапните информации, едно лице е хоспитализирано со изгореници.
Андалузиските служби за итни случаи објавија дека првиот извештај за експлозијата дошол во 13:20 часот, директно од компанијата што управува со магацинот.
Како превентивна мерка, компанијата ги евакуираше сите вработени, но сè уште не е потврдено дали има уште повредени.
Властите го опишаа инцидентот како „вознемирувачки“, со оглед на обемот на пожарот и видот на материјалот што гореше. Чад може да се види од општините оддалечени повеќе од 80 километри од местото на несреќата