Роналдо: Сè уште нема да се пензионирам

Првата ѕвезда на португалската фудбалска репрезентација, Кристијано Роналдо, изјави дека нема да се пензионира наскоро.

– Живеам во сегашноста. Немам уште многу години фудбал, но уживам во моментот. Сè уште нема да се пензионирам. Среќен сум и сакам да продолжам да играм сè додека ми се допаѓа, го цитира Роналдо, новинарот Фабрицио Романо.

Четириесетгодишниот Роналдо е петкратен победник на Лигата на шампионите, трикратен шампион на Англија, двапати шампион на Шпанија и Италија.

На клупско ниво, играше за Спортинг Лисабон, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус и Ал-Наср.

Португалецот го освои Европското првенство и Лигата на нации со својата репрезентација.

Роналдо е петкратен освојувач на Златната топка, која се доделува на најдобриот фудбалер на годината.

Тековниот договор на Роналдо со Ал-Наср истекува месецов, а тој најави промена на клупската средина

Back to top button
Close