Нула нови градинки за 4 години во Аеродром, околу 700 деца чекаат за запишување секоја година

Изминаа речиси 4 години откако ВМРО-ДПМНЕ ја освои локалната власт. И По 4 години, ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром не изгради ниту една од ветените 4 нови градинки. Ови градинки беа првиот од 7-те топ приоритети на Муцунски и Митески во програмата со кои ја освоија довербата на нашите сограѓани од Аеродром, реагираат од СДСМ.

– Митески и Муцунски ветија целосно нови градинки во Острово, Мичурин, Лисиче и Долно Лисиче, но еве, четири години подоцна, ниту една од овие ветени градинки до денес не е ни започната со градба.

Околу 700 дечиња годишно се на листа за чекање за упис во градинка, заради недостатокот на места во градинките во Аеродром.

ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром покажа целосна незаинтересираност за решавање на овој проблем.

Единствениот објект на градинка кој се гради во моментов во Стар Аеродром е со 70.000.000 денари, средства обезбедени од Владата на СДСМ во 2024 година.

Само за споредба, кога со Општина Аеродром управуваше СДСМ се изградија 2 нови градинки со вкупен капацитет од 400 деца. Целосно нов објект Црвенкапа во Стар Аеродром со капацитет од 200 деца и целосно нов објект Буба Мара во Ново Лисиче со капацитет од исто така 200 деца.

Што направи ВМРО-ДПМНЕ за 4 години?

Точно НУЛА нови градинки во Аеродром! Цел мандат до преспаа!

Затоа го прашуваме в.д. градоначалникот Дејан Митески:

Каде е ветената градинка во Острово во близина на ОУ „Браќа Миладиновци“?

Каде е ветената градинка во дворот на ОУ „Блаже Конески“?

Каде е ветената градинка на последна 17-ка во Тодор Чангов?

Каде е ветената градинка во Долно Лисиче?

Полни усти со ветувања пред избори, НУЛА реализација на крајот на мандатот.

Вака ли ќе ги лажете граѓаните и годинава?

Не ли ви е барем малку срам повторно да барате доверба од граѓаните годинава?

Времето на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром истекува. Граѓаните бараат промени.

За ваквата неспособност некој мора да понесе одговорност! Дејан Митески не заслужува повторно да биде градоначалник во Аеродром! – вели Бојан Василевски од ОО СДСМ Аеродром.

Back to top button
Close