(Фото) Навивачите ги гаѓаа со предмети српските фудбалери во Тирана

Не поминаа ни 10 минути од фудбалскиот натпревар Албанија – Србија во Тирана во рамките на квалификациите за Светското првенство 2026, а веќе видовме скандал оркестриран од домашните навивачи.

Имено, во моментот кога српскиот фудбалер Саша Лукиќ се спремаше да изведе корнер од аголот на теренот, албанските навивачи го гаѓаа со разни предмети.

Еден од предметите го погоди српскиот фудбалер, поради што тој се пожали кај судијата Давиде Маса од Италија. (Infomax.mk)

Back to top button
Close