Приведени двајца навивачи на натпреварот Вардар – Пелистер: Носеле пиротехнички средства!
На 07.06.2025 во 20.00 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, за време на одигрување на ракометен натпревар помеѓу екипите на РК „Вардар 1961“ од Скопје и РК „Пелистер“ од Битола, полициски службеници ги лишиле од слобода П.Д.(26) и Д.А.(23), двајцата од Битола, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени пиротехнички средства.