Еврозоната е најдоброто нешто што може да ѝ се случи на Бугарија
Еврозоната е најдоброто нешто што може да ѝ се случи на Бугарија од 1 јануари. Воопшто не сакам да се плашите, бидејќи државата презеде сите мерки за да нè направи како Германија, Франција, Белгија.“ Ова го рече лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов.
Според неговите зборови, влегувањето на Бугарија во еврозоната е стратешки важно за земјата, како што беше и нејзиното влегување во Шенген.
– Ќе бидеме цврсти, ќе ги издржиме сите муабети, но ова е стратешки важен чекор за Бугарија. Со години зборуваме за тоа да бидеме полноправни членки на ЕУ, но бидејќи не сме во еврозоната, како можеме да бидеме полноправни членки, праша Борисов. И не можам да разберам зошто има луѓе што протестираат – она што го ветивме, го исполнуваме 100%. Успеваме да избалансираме сè и покрај дупката во буџетот, додаде Борисов.