Македонија сè повеќе се оддалечува од Европската унија, вели Јотова


Македонија се повеќе се оддалечува од членство во Европската унија, рече денеска бугарската потпретседателка Илијана Јотова во изјава за бугарските медиуми. Таа вели дека неодамнешните случувања во Европскиот парламент се скандалозни и оти претседателот на Европскиот парламент би требало да обрне многу внимание на писмото од 17-те бугарски европратеници во кое тие го обвинуваат известувачот за напредокот на земјава, Томас Вајц оти бил цел на влијание од македонска страна за тој да го занемари „насилството врз Бугарите во земјата“.

„ Потребно е да се направи истрага и доколку се докажат тврдењата, се разбира дека треба да има последици, но се плашам дека довербата е нарушена кај известувачите и оти известувачот треба да биде сменет“,
рече Јотова.
3
Јотова вели дека земјава се оддалечува од унијата со пораките кои се испраќаат, со континуираното неказнување на говорот на омраза, но и со крадењето на бугарската историја и факти од историјата.

Инаку, на предлог на европратеникот и известувач за С Македонија, Томас Вајц, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) на 4-ти јуни го одложи гласањето за усвојување на предлог-извештајот за земјава за 24 јуни.

Вајц нагласи дека бил сведок на интензивни политички дебати околу извештајот, но дека апсолутно стои зад документот, за чии преговори и компромиси, како што рече, биле вклучени сите пратенички групи во ЕП.

Предлог-извештајот за напредокот на земјава за 2023 и 2024 година, подготвен од евопратеникот Вајц, првично требаше да се најде на седницата на АФЕТ закажана за 4-ти јуни. Во документот се наведува потребата од одржување на моментумот и се забележува дека земјава продолжува да покажува посветеност на евроинтеграцијата и усогласеност со политиките на ЕУ. Воедно, се повикува на брз напредок во преговорите и спроведување на уставните измени.

Во нацрт-документот, дополнително, постојат неколку референции за признавање на македонскиот јазик и идентитет, изјави известувачот за С Македонија, Томас Вајц, во интервју за „360 степени“.

Back to top button
Close