Исправете се.Македонија има потреба од вашиот ум. Мицковски до младите вмровци
Македонија има потреба од вашиот ум, од вашата креативност, од вашиот немир што го менува светот. Јас подавам рака на младите и го немаме повеќе луксузот да не успееме. Вашата генерација мора да успее. Ова е последната шанса за успех, порача Мицкоски во обраќањето на 34 Конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Секогаш со посебна инспирација и чувство на почит и емпатија говорам на настаните на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што тука е цветот на младоста. Многу млади луѓе со силни амбиции, различни погледи, многу желби и идеи, но само еден мотив кој води низ сите премрежја, низ сите бури и искушенија – тоа е желбата да изградиме иднина за генерациите кои следат, заедничка иднина тука во нашата татковина Македонија, изјави премиерот на Владата, Христијан Мицкоски и претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Моето срце се распарчува кога ќе ги видам празните клупи по факултетите, празните улици по градовите и полните автобуси и авиони со млади луѓе кои си заминуваат. Загубените генерации не потсеќаат на времето и не-делата што ги направија, и затоа кога зборувам за тоа што наследивме, тие кои не доведоа до тука не им се слуша. Но во исто време знам дека народот е уморен од изговори, од меѓусебно префрлање на вината и одбегнување на одговорност за работите кои се заеднички важни. Затоа денес секој чекор кој го преземаме е да ја вратиме надежта и создадеме систем на ред и одговорност. За тоа ни е потребна мобилизација и шанса за секој еден човек кој сака искрено да работи и покажуваме дека може поинаку. Никогаш не ви ветив чуда, невозможни работи, но затоа беспоштедно и максимално се борам за секој еден човек и за заедничката иднина. И мора да го смениме системот и да ја вратиме надежта – истакна премиерот и лидер на владејачката партија.
И знајте – денес не ве повикувам само да се надевате, ве повикувам да се вклучите, да се борите, да се исправите. Затоа што никој нема да ни ја даде иднината на тацна – ќе мора сами да си ја изградиме, тула по тула, борба по борба, ден по ден, истакна Мицкоски на прославата 34 години на УМС,