Хиподром доби нов паркинг изграден со павер елементи

– Жителите на Хиподром добија нов, уреден паркинг простор кој ќе го олесни паркирањето и ќе придонесе за подобар урбан ред во населбата. Паркингот е целосно поплочен со павер елементи, кои не само што обезбедуваат естетски изглед, туку и гарантираат долготрајност и отпорност на различни временски услови, информираше градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски.

– Овој инфраструктурен зафат е дел од пошироката стратегија за унапредување на урбаната мобилност во општината. Со новиот паркинг жителите добиваат сигурен и организиран простор за своите возила, додаде тој и најави дека вакви и слични проекти ќе продолжат да се реализираат и во другите делови на општината, со цел создавање на уредена, безбедна и функционална урбана средина.

Back to top button
Close