Багеји: Парламентот на Иран подготвува закон за напуштање на Договорот за неширење на нуклеарно оружје

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Исмаил Багеји најави дека Парламентот на Иран работи на закон за напуштање на Договорот за неширење на нуклеарно оружје (НПТ).

Тој потенцира дека Иран останува против развивање на оружје за масовно уништување.

Багеји посочи дека ако Парламентот одлучи да се повлече од НПТ, таквата одлука ќе биде обврзувачка.

Договорот за неширење нуклеарно оружје е постигнат во 1968, а стапи во сила 1970 година, со кој на 190 потписници им забранува на потписниците освен на САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција да се здобиваат со нуклеарно оружје, во замена за тоа што им дозволува да спроведуваат мирни нуклеарни програми за производство на енергија, под надзор на Обединети нации.

Иран постепено се повлекува од своите обврски од Договорот откако американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече САД од иранскиот нуклеарен договор во 2018 година и повторно воведе санкции кои сериозно ѝ наштетија на иранската економија.

За вчера беа закажани преговори помеѓу Иран и САД во Оман, но истите се откажани откако Израел повторно почна напади врз Иран.

Според Багеји за да продолжат преговорите САД мора да ги осудат нападите врз Иран. Тој додаде дека во овие околности преговорите се „бесмислени“, а „САД се соучесник во тие напади“.

 

Back to top button
Close