Граѓаните масовно го напуштаат Техеран, нови израелски напади и жртви

Центарот на Техеран видливо се празни, а многу продавници, вклучувајќи ја и познатата Голема чаршија, се затворени, што во минатото се случуваше само за време на масовни антивладини протести или пандемијата на коронавирус.

Техеран се празни поради израелски напади фото ЕПА

Сообраќајни метежи беа пријавени на патиштата од главниот град до западниот дел на Иран, додека на бензинските пумпи се формираа долги редици.

Многу граѓани, според медиумските извештаи, се движат кон областа на Каспиското Езеро.

Back to top button
Close