Два танкери се судрија и се запалија во близина на ОАЕ
Два танкера за нафта се судрија и се запалија во вторник во близина на Ормутскиот теснец покрај брегот на Обединетите Арапски Емирати, поради зголемено електронско мешање за време на конфликтот меѓу Иран и Израел, соопшти крајбрежната стража на ОАЕ.
Се додава дека нема повредени, ниту пак имало излевање на нафта. Прекинот ги наруши навигациските системи во близина на клучниот морски пат меѓу Иран и Оман, кој транспортира околу една петтина од светската нафта.
Крајбрежната стража на Обединетите Арапски Емирати соопшти дека евакуирала 24 лица од еден од бродовите, „Адалин“, во пристаништето Кор Факан по судирот на 24 наутички милји од источниот брег на земјата, објави Ројтерс.