Хутите: Ќе го поддржиме Иран, како што ја поддржавме Газа
Јеменските Хути соопштија дека го поддржуваат Иран во судирот со Израел, на ист начин како што ја поддржуваат Појасот Газа.
Мохамед ал Букаити, член на политичкото биро на Хутите изјави дека групата се координира со Техеран поради воената ескалација со Израел.
Хутите пред два дена првпат го гаѓаа израелскиот град Јафа, откако јавно го потврдија заедничкото дејствување со Иран,
Од почетокот на војната во Појасот Газа, Хутите лансираат ракети и дронови кон цели во Израел и нападнаа повеќе од 100 бродови во Црвено и Арапско Море, теснецот Баб-ел-Мандеб и Аденски Залив, во знак на поддршка со Палестинците. Поради нападите на Хутите нарушен е глобалниот транспорт, а компаниите се принудени да бараат подолги и поскапи рути околу јужна Африка.