Се закануваат оние што правеа упад и тепаа, вели Мицкоски за најавите за штрајк од контролорите на летање

За премиерот Христијан Мицкоски, причина за најавите за штрајк не е распишаниот оглас за вработување кадри

Ние од закани не се плашиме, вели премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ги денешните најави од Синдикатот на контролорите на летање дека не е исклучена можноста на 10 јули да биде реактивиран штрајкот доколку не бидат исполнети нивните барања.

Од Струковиот синдикат на контролори на летање на Северна Македонија (ССКЛМ) му поставија ултиматум на раководството на М-НАВ барајќи поништување на последниот оглас за нови вработувања и итна реализација на неисполнетите точки од минатогодишната Спогодба.

За премиерот Христијан Мицкоски, причина за најавите за штрајк не е распишаниот оглас за вработување кадри.

„Не мислам дека е тоа причината, се закануваат оние што правеа упад и тепаа. Е сега немаат внимание и не се толку силни да тепаат и тоа е. А ние од закани не се плашиме“рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање при неговата посета на комплексот „Македонско село“.

Од Синдикатот на велат дека состојбата во М-НАВ е драстично влошена како резултат на сериозно нарушени меѓучовечки односи, блокирани процеси за јавни набавки, неуспешна транзиција на нови технички системи, прекршување на одредби од Колективниот договор, тајни и неосновани измени во систематизацијата, како и непочитување на точките од Спогодбата помеѓу М-НАВ и ССКЛ од 13 јули 2023 година.

Синдикатот реагира на неодамна објавениот оглас за нови вработувања, оценувајќи дека „не одговара на реалните, итни и суштински потреби на компанијата“.

Back to top button
Close