Уште десет дена за поднесување барања за субвенции за премии во осигурување на посевите и добитокот

– Уште десет дена трае рокот за поднесување барања за помош за премии во осигурување, соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Според Агенцијата, сите земјоделци кои веќе ги осигурале посевите или добитокот, ќе можат до 31 август да достават барање за добивање финансиска поддршка за полисите за осигурување. Барањата се доставуваат секој работен ден во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

-Преку оваа мерка државата субвенционира 60 отсто од средствата што земјоделците ги дале за полисата за осигурување на родот и добитокот. На овој начин директно им се помага на земјоделците во намалување на трошоците за заштита на родот од временски непогоди а истовремено се штитат и од можни загуби доколку дојде до нив, вели директорот на Агенцијата, Николче Бабовски.

Платежната агенција апелира земјоделците да не го чекаат последниот рок за поднесување на барањата, туку навреме и со користење заштитни маски согласно КОВИД-мерките да ги достават барањата до подрачните едници на МЗШВ.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close