Судот пресуди- АХВ цела година ги лажела Струмичани дека пијат неисправна вода . Општината кривично ќе го гони директорот на АХВ

Градоначалникот на општина Струмица на фејсбук ја објави пресудата на судот дека се отфрла жалбата на АХВ како неоснована и донесе правосилна пресуда дека тврдењето на АХВ дека цела година струмичани пијат неисправна вода било лага.
За рејтинг се спремни да ги лажат луѓето дека не треба да пијат вода.
Срам, мизерија и ниски страсти напиша градоначалникот Костадинов и најави туж
Што би рекол премиерот „на лагата и се кратки нозете“ – еве уште еден доказ дека тоа е така.
Судот денес донесе правосилна пресуда со која го потврди она што го зборувавме цела година во врска со водата за пиење во Струмица.
Агенцијата за храна и ветеринарство лажела цела година, предизвикувајќи страв и паника кај населението од општина Струмица за наводна неисправноста на водата.
И како што кажав, ВМРО-ДПМНЕ се подготвени да остават цел град без вода само за да предизвикаат криза која потоа ќе ја користат за сопствени политички потреби.
За рејтинг се спремни да ги лажат луѓето дека не треба да пијат вода.
Срам, мизерија и ниски страсти.
Водата е чиста, питка и биохемиски исправна.
За ваквите лаги на АХВ општина Струмица и јас ќе поднесеме и кривична пријава до директорот на АХВ поради предизвикување на страв и паника кај населението кое иако имаше питка вода за пиење, му беше забранувано и беше плашено да не ја пие.
Блиску е октомври, а народ гледа.
Можно е да е слика од одрезок од билет и текст

Back to top button
Close